
Маркез победи во Сан Марино, па го ископира Меси (ФОТО)
Бецеки кој возеше пред домашната публика тргна одлично и долго време беше пред Маркез, но на крајот не издржа, а Шпанецот знаеше да ја искористи шансата.
Интересна беше и сцената по трката кога Маркез потсети на епската прослава на Лионел Меси од времето кога го носеше дресот на Барселона.
Во топ 10 беа уште: Франко Морбидели, Фабио Ди Џанантонио, Фермин Алегри, Лука Марини, Фабио Куартараро, Мигел Оливеира и Бренд Биндер.
Фото: MotoGP/FB