Пелистер ќе го слави 80. роденден со меч против Динамо Букурешт во Битола!

ФК Пелистер соопшти дека подготвува специјална програма за 80 години од формирањето на битолскиот клуб.

Фудбалскиот клуб Пелистер оваа година слави 80 години постоење, по тој повод клубот подготви специјална програма.

Романскиот гигант ќе биде гостин на битолчани од 10 до 12 октомври, а во тој период ќе одигра и пријателски натпревар со првиот тим на Пелистер.

За Динамо Букурешт е 18-кратен шампион на Романија и 13 пати го освоил купот на оваа земја, тој е поранешен клуб на капитенот на Пелистер, Мирко Ивановски, па затоа и токму тие ќе бидат дел од роденденот на битолчани.

Агенда за прославата на јубилејот „80 години од постоењето на ФК Пелистер“
● 11.10.2025 
18:00 -Официјална прес-конференција на ФК Пелистер и Динамо Букурешт во прес-салата на стадионот „Петар Милошевски“
19:00 - Свечена академија на ФК Пелистер во салата на Народниот театар во Битола
● 12.10.2025
20:00 -Меѓународен пријателски натпревар - Пелистер - Динамо Букурешт
22:30 -Свечена вечера на претставниците на двата клуба

Пелистер ќе има и други активности поврзани за роденденот за кои клубот ќе извести во наредните денови.