Голманот кој настапи на пет Мундијали стана соиграч со Македонец

Meксиканскиот голман Гиљермо Очоа кој најмногу стана познат по своите настапи на Светските првенства, има нов клуб во кариерата и тоа кипарски АЕЛ.

Така Очоа кој зад себе има пет Светски првенства сега ќе биде соиграч со македонскиот фудбалер, Давор Здравковски.

Ангажманот на Кипар ќе биде прв за искусниот Очоа кој дел од репрезентацијата на Мексико е 20 години. Досега во клупската кариера беше дел од: Клуб Америка, Ажаксио, Малага, Гранада и Салернитна.

Вкупно за Мексико собра 150 настапи, а настапи на Светските првенства во 2006, 2010, 2014, 2018 и 2022 година. Негова желба е настап и на Мундијалот наредната година кој ќе се одржува во САД, Канада и Мексико.

Фото: US Salernitana 1919