Голем удар за Челси: Делап нема да заигра до крајот на годината!

Челси оваа сезона влезе со поголеми амбиции и надеж дека ќе ја нападне титулата во Премиер лигата, па затоа ангажира и многу фудбалери, меѓу кои беше и Лијам Делап кој се здоби со тешка повреда.

Делап требаше да го предводи нападот на „сините“, меѓутоа напаѓачот се повреди уште на стартот на сезоната и медицинските прегледи покажаа дека ќе паузира од 10 до 12 недели, односно нема да се врати пред почетокот на 2026 година.

Ова ќе биде голем удар за светскиот клупски шампион, кој мораше да го врати Марк Гиу од позајмица со надеж дека младиот фудбалер ќе успее да ја пополни „дупката“ во тимот.

Фото: Facebook/Chelsea Football Club