Елмас до УЕФА: Вратете ми го голот! (ФОТО)

Медиа тимот на УЕФА го објави супер голот на Елиф Елмас против Лихтенштајн, а македонскиот репрезентативец им искоментира под видеото.

Елмас даде гол по импресивна соло акција, на патот до мрежата топката го удри голманот Бухел и УЕФА нему му го запиша голот, како автогол, а не на македонскиот фудбалер.

УЕФА му го украде голот на Елмас бидејќи топката удри во голманот кој сакаше да го одбрани ударот, нешто што во фудбалот постојано се случува и никогаш не се запишува како автогол.

На видеото кое го објави УЕФА од голот на Елмас, македонскиот фудбалер искоментира: „Вратете ми го голот“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by UEFA EURO (@uefaeuro)