
Челси е обвинет за кршење на правилата на ФА, но веќе планира нови трансфери
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) ги обвини дека прекршиле правила во период од 2009 до 2022 година и поради тоа би можеле да се најдат во сериозни проблеми.
Челси, сепак, не е загрижен и раководството на тимот планира да ангажира три засилувања, а тоа се Морган Роџерс, Кенан Јилдиз и Малик Фофана.
„Сините“ се соочуваат со одземање бодови поради тоа што ги прекршиле правила, но медиумите пишуваат дека најверојатно ќе поминат само со парична казна.