Хаос во Реал Мадрид: Алонсо избркал фудбалер од тренинг!

Шпанскиот тренер Чаби Алонсо постави свои правила во соблекувалната на Реал Мадрид по доаѓањето во гигантот, па испрати јасна порака до своите фудбалери дека нема да толерира непримерно однесување.

Медиумите пишуваат дека на еден од последните тренинзи се скарале Антонио Рудигер и Винисиус Жуниор, а сè почнало по еден груб старт на германскиот дефанзивец, по што следел хаос на тренингот.

Алонсо реагирал бурно на целата ситуација и решил веднаш да го избрка Рудигер од тренинг за да се смират тензиите и останатите да продолжат да тренираат.

Фото: Facebook/Real Madrid C.F.