
Пикси за да си ја спаси работата ќе мора да ја победи Албанија!
Србија ќе мора да ја победи Албанија во следната средба на 11 октомври со цел да ѝ го земе второто место во групата, а од Фудбалскиот сојуз на Србија му веруваат на Пикси.
„Натпреварот со Англија беше разочарување. Верувавме дека дуелот со светската велесила ќе биде одигран на вистински начин. Сепак, шансата е пропуштена“, кажаа од Фудбалскиот сојуз на Србија.
Нашиот северен сосед се наоѓа на третата позиција во групата со седум бодови, односно еден помалку од второпласираната Албанија.