
Јени Маале ѝ подари на Шкендија букет цвеќе, тетовци возвратија со девет гола! (ФОТО)
Најубедлива беше Шкенија која го прегази Јени Маале со убедливи 0-9. Натпреварот беше решен уште во првото полувреме кога тетовскиот клуб постигна пет гола, одлично прво полувреме одигра новото засилување Адтхе Мазари кој во тој период постигна хет-трик. Преостанатите голови беа дело на Рамадани, Цаке, Љафити, Красниќи (два гола) и Адеми.
Момент за издвојување од оваа средба имаше и пред почетокот на натпреварот, кога екипата на Јени Маале со букет цвеќе ѝ посака на Шкендија успех во Конференциската лига.
Тиквеш местото во осминафиналето го обезбеди со минимален трумф над Скопје (0-1), додека Шкупи со 0-2 беше подобар од Кожуф.
Претходно во полуфиналето веќе се пласираа: Башкими, Беласица, Пелистер, Работнички, Македонија ЃП, Силекс, Новаци, Охрид, Детонит, Брегалница и Шкендија Арачиново.
Струга и Вардар како финалисти од минатата година немаа натпревари и почнуваат од осминафиналето.