Ништо ново од Онана - направи голема грешка, па турна навивач (ВИДЕО)

Камерунскиот голман Андре Онана долго време има проблеми и прима лесни голови, па поради тоа често е мета на критика, а така беше и во дуелот со Зеленортски Острови (0-1).

Онана остана во близина на гол-линијата, наместо да се обиде да противничкиот фудбалер да му го намали аголот за шут, по што доби жестоки критики.

По натпреварот еден од навивачите сакаше да се фотографира со Онана, но Камерунецот збесна и го оттурна од себе.