
Катастрофа на Србија на домашен терен, Норвешка броеше до 11 (ВИДЕО)
„Гордиот Албион“ славеше на Маракана со 5-0, нанесувајќи ѝ го на Србија најтешкиот пораз во историјата, на домашен терен. Пикси излезе кукавички на овој меч, со тотално дефанзивна поставка, но „автобусот“ пред голот на Петровиќ издржа едвај нешто повеќе од половина час.
Резултатот го отвори најдобриот стрелец во историјата на англиската репрезентација Хари Кејн во 33. минута со глава по еден центаршут, а се беше решено две минути подоцна кога Мадуеке ја затресе мрежата на Србите. Во вториот дел погодија и Конса, Гуел и Рашфорд од пенал, а работата на Србите им ја олесни и црвениот картон на Миленковиќ во 72. минута.
Историски резултат вечерва имаше во Осло каде репрезентацијата на Норвешка ја победи Молдавија со 11-1. Пет гола постигна Халанд, четири додаде Асгард, а по еднаш во листата на стрелците се запишаа Одегард и Мире.