
Ако некој го собори рекордот на Роналдо, тоа ќе биде Халанд
Норвешка вечерва игра против Молдавија на домашен терен во квалификациите за Светското првенство и по првото полувреме води со 5-0, а три од петте гола постигна токму Халанд. Со нив веќе е на бројката од 46 гола во репрезентативниот дрес, а има само 25 години и тоа наполнети пред два месеца.
Уште од лани тој е најдобар стрелец во историјата на норвешката репрезентација, а ова е втора гола по ред и вкупно четврта во кариерата во која има повеќе голови од одиграни натпревари. На шест меча, заедно со денешниот, веќе постигна осум гола со тоа што има уште 45 минути да го подобри својот ефект. Денешниот хет-трик е негов петти во репрезентативната кариера.
До крајот на оваа година, Норвешка ја очекуваат уште четири натпревари, против Израел, Нов Зеланд, Естонија и Италија и голема е веројатноста Халанд да ја мине границата од 50 гола во националниот тим.