Епски натпревар: Младите Срби за 12 минути прокоцкаа предност од 4-0, ама сепак победија (ВИДЕО)

Неверојатен натпревар одиграа денеска У19 репрезентации на Србија и Португалија во рамките на турнирот „Стеван Вилотиќ“ во Суботица.

Србија славеше со 6-5, но она што се случи на теренот тешко може да се опише со зборови. Домаќините водеа со 4-0 по само 28 минути игра и сето тоа го прокоцкаа во перидоот од 37. до 49. минута кога Португалија израмни на 4-4. Сепак, во последната третина од натпреварите, Србите постигнаа два, а примија еден гол и дојдоа до победата.

Со тоа Србија го освои првото место на турнирот откако претходно ги совлада Црна Гора со 5-0 и Унгарија со 3-1.