
Станиќ: Влеговме нервозно, ја преценивме Италија
Според селекторот Горан Станиќ, македонските фудбалери на почетокот од средбата и со премногу респект влегле кон противникот, а тоа се променило како што одминувал натпреварот.
„Ова беше тежок меч, во првите 20 минути влеговме нервозно, играчите го преценија противникот, како одминуваше времето се опуштивме и игравме се подобро. Но, ништо не е страшно, игравме со двете најдобри репрезентации во групата, ако продолжиме вака мислам дека ќе освоиме многу бодови во групата. Лигите каде што играат нивните играчи и нашите се нешто друго. Концентрацијата која ја имаат тие и ние е многу различна. Ние работиме на тоа да бидеме фокусирани максимално, но не успеваме. Тие имаа една шанса која ја искористија, ние имавме такви шанси, но не ги искористивме. Немавме среќа да постигнеме гол, тоа е тоа.
Пред овој натпревар младинците беа поразени од Полска на натпреварот кој се играше во Краков со 3-0.