Ниту Зидан, ниту Терзиќ: Италијанец го наследи Мурињо во Фенербахче

Фенербахче оваа сезона остана без пласман во лигашкиот дел од Лигата на шампионите откако загуби од Бенфика во плеј-офот, па поради тоа отказ заработи Жозе Мурињо.

Со клупата на Фенербахче се поврзуваа Анге Постекоглу, Един Терзиќ, па дури и Зинедин Зидан, но на крајот таму заврши Италијанец.

Нов стратег на гигантот од Истанбул е Доменико Тедеско.

„Доменико Тедеско е именуван за главен тренер на нашиот клуб“, потврдија од Фенербахче.

Со Фенербахче тој потпиша договор од на две години, а ќе му помогна Гокан Гонул. Низ кариерата Тедеско беше тренер : Шалке, Спартак Москва, Лајпциг и Ерцгебирге Ауе.

Фото: Fenerbahce/X