Канело од следната борба добива 150 милиони долари, а неговиот ривал само „трошки“

Канело Алварез, еден од најдобрите боксери во светот, повторно ќе влезе во рингот во меч што веќе се смета за спектакл на годината. Неговиот следен противник е американската ѕвезда Теренс Крофорд, борба која привлече огромно внимание кај спортската јавност и која ќе му донесе огромна заработка на Мексиканецот.

Апсолутниот шампион во супер средна категорија на 13 септември ќе ги брани сите свои појаси против Крофорд. За овој меч Канело ќе инкасира неверојатни 150 милиони долари. Од друга страна, Крофорд ќе заработи значително помалку, околу 10 милиони долари.

Бокс-мечот е закажан да се одржи во Лас Вегас на 13 септември и се очекува да биде вистински спетакл.