Гатузо: Натпреварот беше хаос, најлуд откако сум тренер

Во еден неверојатен натпревар со девет гола Италија вчера го победи Израел во квалификациите за Светското првенство, а Џенаро Гатузо призна дека тоа бил неговиот најлуд откако е тренер.

За Гатузо тоа беше само втор натпревар на клупата на „Аѕурите“, а по победата над Естонија од 5-0 неговата репрезентација повторно постигна пет гола, но сега и прими четири.

„Ова беше хаос, најлудиот натпревар откако сум тренер, но ваквите работи се мој проблем, не на фудбалерите. Ако сакаме да играме на одреден начин, мораме да се подобриме. Одевме цело време напред и тоа е она што Израел го чекаше, секогаш не казнуваа од контри. Кога водевме, можевме да се браниме подлабоко“, изјави Гатузо.

Италија во групата по четири одиграни натпревари се наоѓа на второто место со девет бода, Норвешка е лидер со 12, Израел има исто така девет. Но, треба да се знае дека „Аѕурите“ и Норвежаните имаат натпревар помалку.

Фото: Italy/X