
Алкараз ита кон историјата - далеку е подобар од Надал, Федерер и особено Ѓоковиќ
Тоа е шести Гренд слем трофеј за новиот владетел на светскиот тенис, а за него му требаа само 18 настапи на овие турнири што е израмнување на рекордот на Бјорн Борг. Сепак, ако се спореди со „големата тројка“ која повеќе од 20 години доминираше во тенисот, Алкараз има далеку подобри резултати.
На пример, за шест Гренд слем титули, на Надал му требаа 22 учества, на Федерер 25, а на Ѓоковиќ дури 36. Алкараз има само 22 години, зад себе одлична сезона со само еден пораз уште од април и можност да освои уште многу Гренд слем трофеи. За да ги комплетира најголемите трофеи, му недостасува само уште пехарот од Австралија Опен, а на оваа етапа од кариерата, со сите успеси зад себе, за Алкараз не се далеку ни достигнувањата на „големата тројка“. На 22 години, колку што има сега Шпанецот, Надал имаше пет Гренд слем трофеи, а Федерер и Ѓоковиќ по еден.
За неговата доминација во Њујорк најдобро зборува фактот што на целиот турнир загуби само три брејка од кои еден во финалето и еден сет, исто така во финалето од Синер. Помалку загубени гемови од него имал само Пит Сампрас во 1997 година - два.