
Нема ЛШ за Мурињо и Фенер, дебакл за потенцијалниот тим на Миовски! (ВИДЕО)
Беше јасно дека турскиот гигант ќе има тешка задача откако на свој терен не успеа да слави и одигра 0-0, а вечерва домаќините беа далеку подобар противник и заслужено ќе бидат дел од најелитното европско натпреварување.
Во првите 20-тина минути двапати се тресеше мрежата на Фенербахче, но и двата гола беа поништени по реакција на ВАР поради недозволена позиција. Сепак, до крајот на првиот дел Актуркоглу постигна гол кој беше регуларен, а се покажа и како доволен. Фенербахче во 82. минута остана и со фудбалер помалку откако Талиск заработи втор жолт картон.
Клуб Бриж вечерва ја забележа најубедливата победа и го декласираше шкотски Ренџерс со 6-0, па така го потврдија триуфмот од првиот натпревар со 3-1 против потенцијалниот нов тим на Бојан Миовски кој ќе продолжи во Лига Европа.
Ренџерс можеше да доживее и поубедлив пораз со оглед на тоа што уште во првото полувреме домаќините постигнаа пет гола.
Во преостанатиот натпревар Копенхаген со 2-0 славеше над Базел и така бидејќи во првиот натпревар одиграа реми 1-1 данскиот тим продолжува понатаму. Претходно денеска, Карабах си обезбеди место во европската елита.