
Ќе можат ли Јокиќ и Дончиќ на ЕП да урнат рекорд стар дури - 68 години?!
Словенечкиот ас веќе покажа дека е способен за вакво достигнување, кога пред три години постигна 47 поени против Франција – втор најдобар учинок во историјата на првенството. Со неговата играчка експлозивност и офанзивна улога во тимот, токму тој е првиот кој може реално да се приближи до вечниот рекорд.
Спротивно на тоа, српската суперѕвезда Никола Јокиќ е дел од состав кој располага со широк арсенал на квалитетни играчи. Иако неговата улога најчесто е поврзана со асистенции, скокови и организација на нападот, „џокерот“ е доволно доминантен да ја преземе и офанзивната одговорност ако натпреварот тоа го наложи. Освен тоа, токму Јокиќ се гледа како потенцијален наследник на Арвидас Сабонис во категоријата рекорден број на скокови – 23 на еден меч.
Тука мора да се спомене и Финецот, Лаури Марканен, кој како „од шега“ ја надминува границата од 30 или 40 поени во дресот на својата репрезентација. Евробаскетот ќе се игра во Полска, Кипар, Финска и Летонија, каде што ќе биде и завршницата.
ФОТО: FIBA