
Легендарната Вилијамс со 45 години освои сет, ама испадна од Ју Ес опен!
Ветеранката дебитираше во 1997 година, но во последните две сезони одигра само пет меча поради здравствени проблеми и операција.
„Атмосферата беше неверојатна, а таа е вистинска легенда. Ми беше чест што бев на ист терен со неа“, изјави Мухова по мечот, додавајќи дека иако имала пад во вториот сет, успеала да се собере и да го заврши натпреварот во своја полза.
Во другите мечеви од првото коло, петтата носителка Мира Андреева од Русија за само 55 минути ја декласира Американката Алиша Паркс (6-0, 6-1). Деветтата носителка Елена Рибакина (Казахстан) ја елиминира 16-годишната Американка Хулиета Переха со 6-3, 6-0.
Изненадување приреди Мексиканката Рената Сарасуа, која по голем пресврт ја совлада шестата носителка и финалистка од 2017 година, Медисон Киз со 7-6, 6-7, 7-5 во меч што траеше повеќе од три часа. Место во второто коло не избори ниту 12-тата носителка Елина Свитолина (Украина), која беше поразена од Унгарката Ана Бондар (2-6, 4-6), за која ова е само второ учество во оваа фаза на турнирот во Њујорк.
ФОТО: EPA PHOTO