Драма на Ју-Ес опен: Тенисер ја пикна главата во канта за ѓубре и ги - згрози сите (ФОТО)

Младиот бразилски тенисер, Жоао Фонсека, приреди вистинска драма на својот дебитантски настап на Ју-Ес Опен, откако во мечот од првото коло против Миомир Кецмановиќ победи со 3-0 во сетови, иако му се слоши среде натпревар.

Бразилецот, кој важи за една од најголемите млади надежи на светскиот тенис, поведе со 2-0 во сетови и имаше контрола врз играта. Но, при резултат 3-3 во третиот сет, 19-годишникот ненадејно побара лекарска помош, а само неколку поени подоцна трчајќи до клупата и пред сите поврати во кантата за отпадоци. Иако судијата му понуди медицинска пауза, Фонсека одби да ја искористи и веднаш се врати на терен. Наместо да го скрши, инцидентот како да му даде дополнителна енергија – тој веднаш направи брејк, а потоа и рутински го доби мечот со 7-6, 7-6, 6-3, по два ипол часа игра.

Кецмановиќ остана видливо изненаден од ситуацијата и не успеа да се врати во натпреварот. По триумфот, видно исцрпениот Фонсека ѝ се извини на публиката за непријатната сцена:

„Не знам што се случи, едноставно ми се слоши. Повратив само вода. Жал ми е за тоа. Но, натпреварите од првото коло секогаш носат голема напнатост. Ви благодарам на сите за поддршката, особено на сонародниците кои дојдоа со бразилски знамиња. Ова е сон за секое дете што почнува со тенис“, изјави 19-годишниот тенисер.