
Падна договор - во Баер стигна еден од најтрофејните играчи во историјата на Реал
Фабрицио Романо објави дека лекарските прегледи биле извршени синоќа во најголема тајност, а Васкез ќе потпише договор како слободен играч откако минатата сезона му истече договорот со Реал. Се очекува да биде големо засилување за тимот од Леверкузен бидејќи станува збор за еден од најтрофејните фудбалери во историјата на шпанскиот гигант.
Целиот свој фудбалски век Васкез го помина во Реал, со исклучок на една сезона на позајмица во Еспањол, има 34 години и ќе ја покрие десната бековска позиција.