
Алкараз објасни зошто има фризура „на нула“: Брат ми е виновен!
Секако дека на сите им беше интересно да слушнат како дошло до ваква промена на имиџот, па такво прашање доби и по мечот од спикерката на главниот терен. Алкараз објасни што се случувало претходните денови, а за фризурата го „обвини“ својот брат.
„Едноставно, косата ми беше предолга и сакав да ја исшишам. Брат ми и јас бевме сами, тој не се снајде добро со машинката и многу ми ја скрати косата. Единствен начин да ја средам фризурата беше целосно да ја скратам и затоа е ваква. Искрено, мислам дека не е лошо, не сакам долга коса, а ионака брзо ќе порасне“, низ смеа раскажа Алкараз.
Следен ривал на Шпанецот ќе биде Матија Белучи којо во првото коло го елиминира Шанг од Кина со 3-0.