Еден од најталентираните англиски фудбалери го засили Евертон

Досегашниот фудбалер на Саутемптон, 19-годишниот Тајлер Диблинг ја продолжува кариерата во дресот на Евертон.

Клубот од Ливерпул со талентираниот Диблинг стави потпис на договор од четири години, а Саутемптон ќе добие отштета од околу 40.5 милиони евра, додека уште пет можат да бидат исплатени преку бонуси.

Диблинг за Саутемптон дебитираше на само 17 години и од него на Островот имаат големи очекувања.

„Мислам дека со оглед на ситуацијата во која се наоѓа, Евертон е совршен клуб за мене во овој момент“, изјави фудбалерот за клупскиот сајт.

За Евертон Диблинг летово е осмо засилување, претходно пристигнаа: Џек Грилиш (позајмица од Манчестер сити), Карлос Алкараз (Фламенго), Тјерно Бари (Виљареал), Марк Траверс (Борнмут), Адам Азну (Баерн), Киернан Џјузбери-Хол (Челси) и Том Кинг (Вулвс).