Таткото на голема ѕвезда на Бостон завршил во затвор поради – обид за убиство!

Марселес Браун, таткото на познатиот НБА кошаркар Џејлен Браун, е уапсен под сомнение дека се обидел да убие тренер на младински фудбалски тим по расправија околу паркинг место.

Браун сениор, кој е поранешен боксер, во налет на бес извадил нож и го нападнал тренерот Крос Тупуола, кому му нанел повеќе убоди во грбот и рацете, а во турканицата му било скршено и едно ребро. Полицијата брзо интервенирала и го привела осомничениот, кому му претстои судење и можна строга затворска казна. Засега нема официјални информации за здравствената состојба на повредениот Тупуола. Браун јуниор, пак, кој моментално е на одмор, сè уште не се огласил по повод случајот.

Браун (28) е дел од НБА од 2016 година и настапува за Бостон Селтикс. Во 2024 година го освои шампионскиот прстен, а неговиот актуелен петгодишен договор изнесува 304 милиони долари, што го прави еден од најплатените играчи во лигата. Минатата сезона бележеше просек од 22,2 поени, 5,8 скокови и 4,5 асистенции по натпревар.