Хамилтон пред заминување, Ферари веќе ја избрал неговата замена?!

Луис Хамилтон со големи амбиции на почетокот на сезоната пристигна во редовите на Ферари, но во првите 14 трки од сезоната не успеа да дојде до ниту еден подиум што секако е разочарување, па веќе се шпекулира за промени.

Имено, според најавите, италијанскиот состав веќе е во потрага по замена за Британецот и поранешниот возач и коментатор на „Скај Спорт“, Џони Херберт тврди дека веќе е познато и кој ќе го наследи.

Според информациите местото на Хамилтон треба да го преземе Карлос Саинц. Шпанецот возеше за Ферари од 2021 до 2024 година и во овој момент е член на Вилијамс. Но, ниту него не му оди најдобро во сегашниот тим, па се шпекулира за враќање во Маранело.

Во актуелната сезона, Саинц освои 38 бодови помалку од колегата Алекс Албон, но и покрај тоа во Ферари веруваат дека може да биде добра опција за замена на седумкратниот светски шампион.

Фото: EPA