
Дончиќ едвај оди, ама жестоко ги пцуе судиите (ВИДЕО)
Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс ја напушти играта во третата четвртина откако врз него падна неговиот соиграч Грегор Хорват, но двајцата беа турнати од противнички кошаркари и притоа не беше досудена лична грешка. Дончиќ не сакаше да ризикува и да се враќа во игра, се упати кон соблекувалната, а потоа во влечки дојде на клупата на својата репрезентација.
Револтиран од судењето, по натпреварот тој тргна да се поздрави со арбитрите, но притоа им упати низа пцовки на српски јазик кои веројатно беа разбрани. Селекторот на Словенија, Александер Секулиќ откри дека првата ѕвезда на Летонците, Кристапс Порзингис му се извинил за катастрофалното судење.