
Паузата заврши, елитниот фудбал се враќа - почнуваат Англичаните и Шпанците!
Актуелниот шампион Ливерпул денеска ќе ја отвори новата сезона од Премиер лигата, а противник им е Брајтон.
Арне Слот создава тим по своја мерка, а поради тоа имаше значајни купувања во преодниот рок, се засилија со играчи како Вирц, Екитике, Керкез, Фримпонг... а заминаа Диаз, Нуњез, Александер-Арнолд...
Сепак дербито на колото во Англија е во недела кога на Олд Трафорд Манчестер јунајтед ќе го пречека Арсенал.
Премиер лига 1. коло:
Петок
Ливерпул – Борнмут 21:00
Сабота
Астон Вила – Њукасл 13:30
Брајтон – Фулам 16:00
Сандерленд – Вест Хем 16:00
Тотнем – Барнли 16:00
Вулвс – Манчестер Сити 18:30
Недела
Челси – Кристал Палас 15:00
Нотингем форест – Брентфорд 15:00
Манчестер јунајтед – Арсенал 17:30
Понеделник
Лидс – Евертон 21:00
Во шпанската Ла Лига денеска на програмата се два меча. Сезоната ќе ја отворат Жирона и Рајо Ваљекано од 19 часот, а од 21:30 играа Виљареал и Овиедо.
Актуелниот шампион Барселона сезоната ја стартува утре од 19:30 часот кога гостува кај Мајорка.
Првиот натпревар на Реал Мадрид е дури во вторник, на домашен терен играат против Осасуна.
Ла Лига 1. коло:
Петок
Жирона – Рајо Ваљекано 19:00
Виљареал – Овиедо 21:30
Сабота
Мајорка – Барселона 19:30
Алавес – Леванте 21:30
Валенсија – Реал Сосиедад 21:30
Недела
Селта – Хетафе 17:00
Атлетик Билбао – Севиља 19:30
Еспањол – Атлетико Мадрид 21:30
Понеделник
Елче – Бетис 21:00
Вторник
Реал Мадрид – Осасуна 21:00