Очекувано: Средбите од првото коло од Премиер лигата ќе почнат со – солзи и молчење!

Челниците на Премиерлигата денеска официјално соопштија дека сите натпревари од првото коло на новата сезона ќе почнат со минута молчење во чест на фудбалерот на Ливерпул, Диого Жота, и неговиот брат Андре Силва, кои трагично загинаа во сообраќајна несреќа.

Фудбалерите ќе носат црни ленти, а клубовите ќе прикажат фотографии на прерано настраданите и пораки со сочувство и поддршка на големите екрани на стадионите. Почит кон браќата Жота и Силва беше оддадена и пред натпреварот за Комјунити шилд помеѓу Ливерпул и Кристал Палас на „Вембли“, со положување венци и минута молк.

Новата сезона на Премиерлигата започнува в петок, со дуелот меѓу актуелниот шампион Ливерпул и Борнмут на „Енфилд“ (21 часот).