
По 15 години селектор си даде отказ за да води клуб од трета лига!
Холц беше еден од селекторите со најдолг стаж, но сега ќе продолжи со нов предизвик во кариерата, а неговото заминување го потврди Фудбалскиот сојуз на оваа земја.
„На барање на Холц Фудбалскиот сојуз го раскинува неговот договор. Има прилика за нова работа во тренерската кариера и ќе води екипа надвор од нашата земја“, стои во соопштението.
Според информациите, Холц се одлучил да замине за да биде тренер на екипата на Манхајм која се натпреварува во третата германска лига.
На клупата на Луксембург 56-годишниот Холц помина 144 натпревари во кои оствари 33 победи, 29 пати ремизираше и претрпе 82 порази.
Луксембург во септември го очекуваат натпревари од квалификациите за Светското првенство во 2026 каде што игра во група со Северна Ирска, Словачка и Германија.
Фото: EPA