
Гори дресот на Исак - фановите на Њукасл се гневни на напаѓачот! (ВИДЕО)
Тие се дотолку разочарани од напаѓачот што го запалија и неговиот дрес.
Исак сака трансфер во Ливерпул, но двата клуба не успеваат да се договорат за висината на обештетувањето.
Проблем е и фактот што Њукасл ја загуби битката за потписот на Бенјамин Шешко кој заврши во Манчестер јунајтед.
Јасно е дека без соодветна замена, Њукасл уште потешко ќе се откаже од Исак, но тој засега е одлучен да замине и покрај договорот кој го има.