Милан го убедува Хојлунд, но Jунајтед го нуди на друг клуб!

Фабрицио Романо пишува дека Милан води преговори со напаѓачот на Манчестер јунајтед, Расмус Хојлунд, но „Скај Спортс“ објавува дека англискиот клуб го понудил на Баерн Минхен.

Милан наводно е во преговори со Хојлунд, му го презентира проектот обидувајќи се да го убеди да потпише за нив.

Но има и друга информација кога станува збор за напаѓачот, Манчестер јунајтед го контактирал Баерн Минхен и му го понудил, се уште нема одговор од баварскиот клуб.

Каде и да замине Хојлунд, прво би бил на едногодишна позајмица, а потоа на пермаментен трансфер.

Јунајтед го донесе Хојлунд за 80 милиони евра од Аталанта, но напаѓачот не ги оправада очекувањата. На 95 натпревари постигна 26 голови.