Мато со мајсторски гол го стресе Пелистер (ВИДЕО)

Вардар поведе и со 2-0 во дербито против вечниот ривал Пелистер на Националната арена „Тодор Проески“, откако на стартот во второто полувреме Роџерс Мато постигна прекрасен гол.

Мато со неверојатен потег успеа да го лобува голманот на битолчани и да го зголеми водството на „црвено-црните“.