
Втор пораз за Македонија на ЕП: Кадетите прокоцкаа плус 15 против Ирска!
Првата четвртина ја одбележа голема борба меѓу двете екипи, а Македонија замина со предност од 21-20, по што водството на нашите кадети се зголеми до 43-38.
Двете екипи немаа многу поени во третата четвртина, но Македонија поведе со +15 (56-41). Сепак, потоа следеше црна серија во која кадетите долго време не постигнаа поени, а Ирска беше одлична во последните 10 минути и триумфира со 70-67.
Најефикасен во составот на Македонија беше Павел Ѓиновски со 19 поени, додека Деклан Ехиџи запиша ист број на поени за Ирска.
Македонија во првото коло загуби од Кипар со 76-82, иако и на тој натпревар долго време имаше водство.
Фото: КФМ