„Бомба“ од Белград: Партизан добива засилување од Наполи

Талентираниот фудбалер Матија Поповиќ го напушти калчолигашот Наполи и се враќа во српскиот гигант Партизан.

Поповиќ не успеа да ја убеди управата на Наполи дека е доволно квалитетен да добие минутажа, па поради тоа италијанскиот шампион реши да му дозволи на младиот фудбалер да се врати во Белград.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека е договорен бесплатен трансфер, но Наполи ќе добие процент од следната продажба на Поповиќ.

Фото: Facebook/Fabrizio Romano