Драма во Шпанија: Тер Штеген им забранил на клупските доктори да го посетат!

Германскиот голман Марк-Андре Тер Штеген одби да ја напушти Барселона, иако управата на каталонскиот гигант се обиде на неколку начини да го избрка од екипата, а ситуацијата станува уште подраматична по последниот потег на искусниот чувар на мрежата.

Тер Штеген објави дека ќе оди на операција на грбот и поради тоа ќе паузира три месеци, а оваа информација е важна затоа што, според правилата на Ла Лига, повредата не се смета за долгорочна ако закрепнувањето е пократко од четири месеци и Барселона не може да го отпише од клубот и да се ослободи од неговата висока плата.

Медицинската екипа на Барселона смета дека Тер Штеген ќе паузира подолг период и поради тоа сакале да го посетат во неговиот дом, но Германецот забранил било каква посета со што дополнително ја комплицира ситуацијата со каталонскиот тим.

Барселона повторно има проблеми со финансиите и засега не е познато дали ќе успее да ги регистрира сите засилувања за настап за следната сезона.