Ал-Наср договори ѕвезда на Барселона, па сега оди по потпис на фудбалер на Баерн!

Саудискиот гигант Ал-Наср го договори Иниго Мартинез од Барселона, но тука не планира да запре затоа што веќе почнале преговори за уште една ѕвезда од Европа.

Ал-Наср преговара со бундеслигашот за потписот на францускиот репрезентативец Кингсли Коман и убеден е дека наскоро ќе се пресели во Саудиска Арабија.

Коман има договор со Баерн до 2027 година, а екипата од Минхен е подготвена да го продаде за 30 милиони евра.

Фото: EPA PHOTO