
Новата канадска тениска ѕвезда во стилот на Серена до титулата во Монтреал
Иако уште нема ни 19 години (ќе наполни за 18 дена) и до овој турнир се наоѓаше на 85. место на ВТА листата, Канаѓанката успеа да победи четири поранешни Гренд слем шампионки на патот до својот најголем успех во кратката професионална кариера. Во финалето ја совлада Наоми Осака со 2-1 (2-6, 6-4, 6-1), а на патот дотаму ги елиминира Кенин, Гоф и Рибакина. Со тоа, стана прввата тинејџерка која направила такво нешто по Серена Вилијамс во 1999 година. Успехот на Американката, сепак, останува недостижен затоа што таа тогаш имаше само 18 години и триумфираше на УС Опен, а на нејзиниот список на „жртви“ се најдоа далеку пославни имиња: Кончита Мартинез, Моника Селеш, Линдзи Девенпорт и во финалето Мартина Хингис.
Триумфот во Монтреал на Мбоко ѝ донесе 999 бода и скок од 60 позиции на ВТА листата, па сега е на 25. место што значи дека на УС Опен најверојатно ќе биде меѓу носителките. Нејзиниот прогрес оваа година е неверојатен, ако се знае дека 2025 година ја почна како 337. тенисерка во светот. Освен тоа, во Монтреал таа заработи повеќе од 752 илјади евра што е двојно од целата нејзина заработка во кариерата.
Мбоко е родена во Шарлот во семејство на конгоански емигранти кои се преселиле во Канада кога таа била дете.