Поранешен голман заврши во затвор – 106 пати позајмил пари, ниту еднаш не ги вратил!

Поранешниот германски голман Ајке Имел кој денес има 64 години осуден е на казна затвор од две години и два месеци поради низа измами во кои оштетил поголем број луѓе за над 34.000 евра.

Голманот кој во каиерата собра дури 534 настапи за Борусија Дортмунд, Штутгарт и Манчестер сити, како и 19 за репрезентацијата се најде во центарот откако било откриено дека 106 пати позајмил пари и ниту еднаш не ги вратил.

Тој на најразлични начини ги измамувал жртвите од кои успевал да извлече пари, а потоа истите не им ги враќал. Но, исто така бил вмешан и во скандал со продавање на непостоечки влезници за Европското првенство во 2024 година.

Помеѓу измамените била и партнерката на Андреас Бреме, легендата на германскот фудбал и стрелецот на голот во финалето на Светското првенство во 1990 година со кој Западна Германија стигна до титулта.Од нејзе успеал да извлече над 18.000 евра.

За измамите зборуваше и сега починатиот Бреме пред три години.

„Бараше пари повеќе пати, се собраа околу 20.000 евра. Ветуваше дека ќе ги врати, но тоа никогаш не се случи“, зборуваше Бреме.

Фото: EPA