По официјална прес-конференција, фудбалерите на Карабах денеска го одработија и последниот тренинг пред утрешниот натпревар против Шкендија.

Допатува Карабах како фаворит во Скопје, но и тренерот Гурбан Губанов во својата изјава потенцираше дека мораат да бидат претпазливи и покажа голем респект кон тетовскиот клуб.

За време на тренингот проблем за избраниците на Губанов правеше и дождот кој врнеше во Скопје.

Натпреварот утре се игра во терминот од 20:00 часот.