Барселона испука „петарда“ против Тегу од Јужна Кореја (ВИДЕО)

Шпанскиот шампион Барселона одигра уште еден одличен натпревар и славеше против Тегу од Јужна Кореја со убедливи 5-0 во рамки на подготовките за новата сезона.

Барселона постигна три гола во првото полувреме, и тоа два преку Гави и еден преку Роберт Левандовски за предност од 3-0.

Каталонскиот гигант преку Фернандез зголеми на 4-0, додека Рашфорд во 65. минута ги постави конечните 5-0.

Фото: Facebook/Barcelona FC