
Легендарниот Давид Луиз се врати во Европа и ги изненади сите со изборот на новиот клуб!
Давид Луиз стави потпис на двегодишен договор со кипарскиот шампион Пафос.
Фудбалерот кој настапуваше за Челси, Арсенал, ПСЖ, Бенфика... се сели на Кипар и ќе настапува за амбициозниот тим на Пафос.
Целта на овој клуб е да стигне до лигашкиот дел од Лигата на шампионите, веќе имаат обезбедено групна фаза во некое од натпреварувањата на УЕФА, па си дозволија да се почестат со големо засилување.
Пафос во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите игра со Динамо Киев.