Дончиќ е голем човек, веднаш по потписот со Лејкерс - донираше пет милиони долари!

Лука Дончиќ потпиша нов тригодишен договор со Лос Анџелес Лејкерс вреден 165 милиони евра, а потврди дека пет милиони од тие пари веднаш ги донира.

Словенечкиот кошаркар се обврска со Лејкерс до 2028 година, а тогаш ќе може да потпише и максимален договор со Лејкерс од 417 милиони долари.

Но, по овој договор од 165 милиони долари, Словенецот одвои пет милиони за донација.

„Донирам пет милиони долари за да им помогнам на 77 млади спортисти во светот да ги следат своите соништа, исто како и што можев и јас. Кошарката ми даде се и имам среќа што можам да уживам и да им помогнам на следните генерации“, изјави Дончиќ.

Идејата на Дончиќ е преку неговата фондација да овозможи финаниска и менторска поддршка на спортски таленти од целиот свет. Финансиите ќе бидат поделени на 77 играчи, што одговара на бројот на неговиот дрес.

За овој гест, Дончиќ доби многу позитивни коментари на социјалните мрежи.