Новата дестинација на Родриго ќе биде - Лондон!?

Се погласни се шпекулациите дека бразилската ѕвезда на Реал Мадрид, Родриго ќе се пресели во Премиер лигата, но клубот каде што е пред трансфер е изненадувачки за многумина.

Иако Родриго се поврзуваше со Арсенал и Челси, според „АС“ најблиску до неговиот потпис е Тотнем.

Влегувањето на нов инвеститор во клубот донесе финансиска инјекција за клубот од Северен Лондон кој не е многу популарен поради лошиот менаџмен на газдата Даниел Леви.

Наводно, Родриго е голема желба на новиот тренер, Томас Франк, но Леви не планира да му го купи по секоја цена.

Сепак се верува дека Тотнем може да плати 90 милиони евра колку што бара Реал Мадрид.