
Ињаки распали по Барса: Кампањата која ја правеа, беше - опасна по живот за мојот брат!
Барселона силно притискаше за да го купи Ињаки Вилијамс, чести беа изјавите од каталонскиот табор и пишувањата на медиумите од тој регион.
Поради целата атмосфера која се создаде, Нико Вилијамс беше подложен под голем притисок од навивачите кои му се закануваат, го оштетуваат неговиот мурал, му скршија стакло од автомобилот...
На крајот Нико Вилијамс одлучи да остане во Атлетик Билбао и да потпише нов долгогодишен договор.
Сега Ињаки Вилијамс ја обвинува Барселона за начинот на кој делуваа во изминатите месеци.
„Знаеме како функционира светот на фудбалот и каков притисок сакаа тие да извршат врз навивачите на Атлетик, но и врз мојот брат. Мислеа дека ќе им успее медиумската кампања, но не испадна така на крајот“, вели Ињаки.
„Кога ние сакаме некој играч, тоа го правиме тивко и понизно, надворешната бучава создаде голема штета на мојот брат и ги расипа работите. Се случија многу непријатни настани, вандализирање на муралот, кршење на прозорци од неговиот автомобил... На крајот тој донесе одлука со срце, одлучи да остави свое наследство во Атлетик“.
По заминувањето на Оскар Де Маркос, Ињаки Вилијамс ќе стане првиот црномурест капитен во историјата на Атлетик Билбао.