
Реал Мадрид нуди две ѕвезди плус 40 милиони евра за освојувач на „Златната топка“
Медиумите пишуваат дека Реал планира да понуди две ѕвезди плус дополнителни 40 милиони евра за да го добие потписот на Родри.
Вредноста на Родриго се проценува на 90 милиони евра, додека Камавинга вреди околу 60 милиони, па така доколку се додадат дополнителни 40 милиони, „кралевите“ вкупно би понудиле 190 милиони евра за Родри.
„Граѓаните“ во моментов наводно не се подготвени да се откажат од услугите на Родри, кој сè уште не се изјаснил за оваа идеја.