Алчевски дебитира за ОФК Београд, Ц. Звезда му даде седум гола!

Македонскиот голман Марко Алчевски нема по добро да го памети дебито за ОФК Београд поради поразот од 1-7 против Црвена Звезда во второто коло од српската Суперлига.

Алчевски не можеше сè да одбрани против разиграниот српски шампион, кој се закани дури 23 пати кон голот на Македонецот, а 15 од ударите беа во рамки на голот.

Погодоците на победничкиот состав во првиот дел ги постигнаа Иваниќ и Круниќ, додека во второто полувреме стрелаа Милсон, Бруно Дуарте, Костов и два пати Катаи, а на спротивната страна погоди Митуљикиќ.

Македонецот во кариерата бранеше и за Брера Струмица, Борец, како и Хапоел Ерусалим од каде замина на позајмица во тимот од Белград.

Фото: Facebook/Zvanična prezentacija OFK Beograd