Јуниорите замрзнаа на минус 75 против Литванија – примивме „стотка“ за три четвртини (ФОТО)

Македонската кошаркарска репрезентација за играчи до 18 години неславно го почна настапот на елитното Европско првенство (ЕП) во Белград, откако претрпе катастрофален пораз во дуелот со селекцијата на Литванија (62-137).

Разликата во класи беше очигледна, а релативната неизвесност траеше само во првите минути од воведниот период, кога противникот за само четири минути направи 20-8 и отиде до огромни плус 18 (33-15) како најава за ужасниот пораз. Литванците не застанаа, максимално не газеа, за што доказ е фактот што уште во третата четвртина стигнаа до „стотка“, а во третиот период постигнаа неверојатни 42 поени. Колку и да се обидуваа жолто-црвените, квалитетот дебело беше на страната на ривалот, кој немилосрдно ни го полнеше кошот.

Потенцијалниот сениорски репрезентативец, Никола Јаничиќ, беше единствената светла точка во македонскиот им со оглед што постигна 21 поен или една третина од нашиот вкупен учинок.

Наш следен противник на ова првенство ќе биде Грција, меч закажан за утре од 13.30 часот.