Барселона од продажба на дресови на Јамал за 24 часа заработи 10 милиони евра!

Талентираниот шпански репрезентативец Ламин Јамал потпиша нов договор со Барселона и ја доби „десетката“, по што гигантот продаде околу 100.000 дресови за еден ден и заработи над 10 милиони евра.

Барселона и спонзорот се подготовија однапред за интересот, па ги исполнија барањата на навивачите и се очекува во следниот период да заработат уште повеќе пари, односно да го надминат минатогодишниот приход кој беше меѓу 140 и 150 милиони евра.

Претседателот на каталонскиот тим, Жоан Лапорта смета дека популарноста на Јамал и маркетинг стратегијата ќе помогнат да заработат повеќе пари.

Јамал неодамна наполни 18 години, но веќе е голема ѕвезда и сите го гледаат како предводник на екипата.

Фото: Facebook/FC Barcelona